Австрија ќе го ограничи бројот на мигрантите, на кои им е дневно дозволено да влезат во земјата, до 3.200 лица, изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.
Таа истакна дека освен тоа Австрија дневно ќе прифаќа не повеќе од 80 барања за азил.
Микл-Лајтнер вчера ја најави намерата на австриските власти да воведат дневна квота за прием на мигранти.