Средба ма министерот Спасовски со унгарскиот амбасадор Бенце

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Јожеф Бенце.

На средбата, соопшти МВР, двајцата соговорници го изразија своето задоволство од интензивната соработка помеѓу двете земји на сите полиња, потенцирајќи ја соработката околу внатрешните работи.

Спасовски и Бенце, се наведува во соопштението, разменија мислења за тековната ситуација околу политичката криза во Република Македонија и за справувањето со миграциската криза, при што унгарскиот амбасадор ја истакна поддршката што Унгарија несомнено и ја дава на Република Македонија во овие области.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје