Јункер: Затворањето на грчките граници е незаконско и неприфатливо

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер е против идејата за затворање на грчките граници.

– Не е ниту законски, ниту е политички прифатливо Европската унија да соработува со трета земја за да ги затвори границите на една земја-членка, изјави Јункер за германскиот весник „Велт“.

– Ние ја поддржуваме безбедноста на границите и на двете страни, но ќе успееме само доколку ја зајакнеме соработката, рече тој и додаде дека не е во ред да се става во опаснот Шенген зоната и слободата на движење на европските граѓани.

Јункер нагласи дека решение на проблемот со бегалците може да биде пронајдено само со заеднички напори, како што беше случај со должничката криза.

Тој ја спомна и германската канцеларка Ангела Меркел, нагласувајќи дека историјата ќе ја оправда за нејзиниот избор за справување со миграцискиот проблем, бидејќи спровела „долговида политика“.

Јункер оцени и дека Европа постигнала напредок во справувањето со бегалската криза. – Конечни гледаме некаков непредок, изјави Јункер, посочувајќи го како доказ за ваквото тврдење намалувањето на бројот на имигранти што од Турција прстигнуваат во Грција.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција