Вљубен Русин, кој пател поради невозвратена љубов, утринава убил петмина свои колеги, вклучувајќи ја и жената која ја сакал, а ранил уште двајца.
Осомничениот со сачмарка влегол во канцеларијата на фармацевската компанија каде што работел и испукал повеќе пати. Тројца мажи и две млади жени кои седеле на своите работни места се убиени, а уште еден маж и една жена се ранети и примаат медицинска помош.
Руската новинска агенција РИА Новости јави дека Русинот пател поради невозвратена љубов, а жената која ја сакал е меѓу жртвите на денешниот масакар.
Обезбедувањето на компанијата го фатила убиецот и тој се наоѓа во полициски притвор.