Едмонд Темелко ги терал новинарите на А1он да кажат дека лажно се претставувале и притоа без дозвола ги снимал барајќи да кажат дека тоа го направиле и покрај тоа што му се претставиле дека се од А1он. Темелко дури инсистирал да седнат и да ги фотографира новинарите.
Под психолошки притисок, со присуство на повеќе лица околу нив, на новинарите ги убедувал да кажат дека сепак се претставиле како Република, а тој без одобрение снимал со телефонот, прашувајќи што би кажале како образложение.
Откако неколку пати му повториле дека не се претставувале како друг медиум, туку како А1он од Република Македонија и дека немаат никаква лоша намера, Едмонд Темелко во напната атмосфера инсистирал сепак да му кажат зошто се претставувале лажно и дали некогаш работеле во Република. Потоа незаконската снимка со изнудени одговори и монтажа преку еден портал ја поставил на Јутјуб.
За цело време додека се обидуваа да снимаат репортажа во Пустец, како во криминален филм, новинарите беа следени од пет луѓе и им беа дофрлани закани да заминат од таму. Сите петмина потоа се вратиле во кабинетот на Темелко, кога Темелко ги распрашувал и „им судел“ на новинарите на А1он.
Едмонд Темелко на новинарите од А1он им ги одзеде легитимациите и личните карти и без дозвола ги фотографираше, а потоа фотографиите со лични податоци ги испратил на медиум во Албанија. Новинарите беа следени од нивното влегување во селото, па се до излез од границата на Албанија.
А1он отиде во Пустец да го праша Темелко дали се чувствува виновен за тоа што е осомничен за изборен криминал и да го види расположението и задоволството на жителите од неговото владеење.
Екипата цело време беше попречувана во нејзината работа со закани да заминат веднаш од Пустец.