Расправата за Финансискиот план на МРТ продолжува попладнево

Од:

Пратениците денеска во рамки на 91. седница ја продолжија расправата по Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на  Македонската радио телевизија за 2016 година.

Рената Дескоска од СДСМ најави дека нема да го поддржат годишниот финансиски план на МРТ бидејќи, како што рече, таа не ја врши својата функција да обезбеди вистинито, целосно, непристрасно и навремено информирање. 

– Ако го погледнеме односот квалитет на програмите, степенот на објективност и пристрасност МРТВ излегува многу скапа телевизија, рече Дескоска и додаде дека за 2016 година предвидени се 21 милион евра за трошоци за МРТВ. 

Јасминка Дамческа од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека СДСМ има намера за разнебитување на Македонската радио телевизија како национален сервис и институција од која зрачи чистиот македонски збор. 

– Во периодот од 2002 до 2006 година отпуштивте 292 вработени од МРТ, луѓе кои не мислеа како вас, прогласувајќи ги за технолошки вишок. Ги распуштивте оркестрите, хоровите, ги укинавте детските емисии, ја разнебитувавте Македонската телевизија, потсети Дамческа. 
Оваа Влада, како што рече, вложува доста средства во Македонската радио телевизија. 

Според пратениците од владејачкото мнозинство, МРТ денес нема долгови, за разлика од порано, а нејзината независност, како што истакнаа, не оди со укинувањето на радио дифузната такса, која беше воведена во времето на СДСМ и чија висина беше многу поголема од онаа која е денеска.  

Соња Миракоска од НСДП рече дека се работи за буџет на МРТ од 1.291.700.000 денари од кои 66 отсто се од радио дифузна такса на граѓаните, над 18 отсто се средства од буџетот на Република Македонија и по два отсто се од Министерството за информатичко општество и администрација и од Министерството за култура и останати приходи кои ги има.

– Сметаме дека концепцијата мора да се промени. Пред се мора тоа да стане една независна куќа во која уредувачката политика и менаџирањето ќе го водат луѓе кои се професионалци, рече Миракоска. 

Пратениците ќе продолжат со расправата за Финансискиот план на  Македонската радио телевизија за 2016 година во 15.30 минути. 

Претпладнево, Собранието на Република Македонија ја одржa 94. седница на чиј дневен ред беа 22 законски решенија, сите во второ читање. 

Би можело да ве интересира

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова