Експертот на ОН за човекови права, Алфред де Зајас побара денеска од Шведска и Велика Британија да ја почитуваат препораката од панелот на светската организација и да му овозможат слободно движење на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.
– Овие земји треба да покажат добар пример и да ја почитуваат одлуката од панелот, истакна Де Зајас.
Властите во Британија и Шведска го отфрлија мислењето од панелот на ОН, на кој е утврдено дека престојот на Асанж во еквадосрката амбасада во Лондон е еднаков на незаконски притвор.
Де Зајас нагласи дека оваа необврзувачка меѓународна одлука бара „доследна и единствена“ примена на меѓународното право.