Во Скопје викендот во 21 сообраќајка 16 лица повредени

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 21 сообраќајна незгода.

На 12 февруари, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца сопатници.

На 13 февруари, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и еден пешак.

Вчера, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и тројца сопатници.

Во текот изминативе три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 135 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Дваесет и четири возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 13 возачи поминале на црвено светло на семафор, девет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно не го почитувале правилото на првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и 26 возачи кои за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и 20 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето