Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи продолженија на 93. и 91.седница.
Единствена преостаната точка од дневниот ред на 93. седница е Предлог законот за изменување на Законот за процена, по скратена постапка, а на 91. седница се Предлог одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2016 година и Барањето за давање автентично толкување на член 66 став 6 од Законот за ученичкиот стандард, поднесено од пратеникот Лилјана Поповска.