Поројни дождови и силни ветрови беа причина за прекин на движењето по неколку големи патни и железнички артерии во Португалија, пренесува БТА.
Поради природната стихија, во 10 области во земјата е прогласен портокалов код, а за крајбрежните зони на седум од овие области е прогласен црвен код заради особено бурното море.
Еден човек се води за исчезнат во реонот на градот Абелгарија-а-Веја, во северниот дел на земјата.