Играчот на шампионот Голден Стејт, Клеј Томпсон е победник на натпреварот во шутирање на „тројки“ на НБА „Ол-стар“ викендот во Торонто.
Тој во финалето беше подобар од клупскиот колега и минатогодишен победник Стеф Кари.
Во првата финална серија Томпсон имаше 22-21 против Кари, но во последната беше далеку поуспешен и со 27-23 стигна до признанието.
Со остварениот резултат од 27 поени, Томсон го израмни досегашниот рекорд во натпреварите во шутирање „тројки“.
Во финалето свое место имаше и 19-годишниот Девин Букер, но не можеше да им парира на звездите на Голден Стејт.