ЛП: Судските одлуките вовед во ресетирање и на правосудството

Од:

„Либералната партија повторно ја потенцира поддршката на СЈО и правната разрешница на отворените предмети. Епилогот ќе биде влог во владеењето на правото во Македонија, но и за ресетирање на системот и начинот на владеење, а не само за промена или одржување на една власт.

Широкиот опсег на предмети на СЈО, од „Изборни нерегуларности 2013“ до „Маѓар Телеком“ покажува дека на Македонија сепак и е предвидена европска перспектива, стратешка соработка со САД и демократска иднина. Во расчистувањето со корумпцијата на власта и политичките елити – улогата на СЈО, Обвинителството и судовите е огромна.

Фактот што со Пржинскиот договор е формирано специјално јавно обвинителство, а не и специјален суд е показател дека „демократскиот запчаник“ е придвижен, а низ овие процеси и правосудството станува дел од системот што се ресетира. Сите инстанци што одлучуваат по жалбите на СЈО ова несомнено треба да го имаат во вид.

Затоа, Либералната партија го охрабрува судот да се држи до фактот дека судството и правдата се посилни од власта. Македонското судство не смее да биде пример за еднострана правда на моментално посилниот.

Во таа смисла, со одлуката по жалбите на СЈО, судот може да докаже дека ги игнорира сите (ин)директни политички пораки, како онаа на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и со своите одлуки во иднина ќе ги охрабри политичарите да ги усмеруваат пораките само кон политичките противници, а не и кон институциите на државата“, се вели во соопштението на ЛП.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска