Земјотрес во американската држава Оклахома

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди американската сојузна држава Оклахома.

Како што соопшти Американскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот, кој се случил во 11:07 часот по локално време (18:07 часот по средноевропско време), бил на околу 150 километри северозападно од Оклахома Сити.

Десет минути по првиот, бил регистирран уште еден земјотрес со интензитет од 3,9 степени според Рихтер.

Нема инфомации за евентуални жртви и предизвикани материјални штети.

Сеизмичката активност во Оклахома е зачестена во последниве неколку години, што според некои експерти, е последици на зголеменото производство на нафта од шкрилци.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Земјотрес во близина на Закинтос

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

Земјотрес во Далмација

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски