Кери: САД ќе и помогнат на Европа во справувањето со бегалската криза

Од:

САД ќе и помогнат на Европа да се справи со бегалската криза, која претставува егзистенцијална закана за европскиот континент, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери.

– САД ја разбираат суштината на оваа егзистенцијална закана по политичкиот живот во Европа, изјави Кери во обраќањето на Безбедностана конференција во Минхен.

Кери нагласи дека токму од оваа причина, САД ја поддржуваат мисијата на НАТО во Егејското Море за справување со приливот на бегалци од Турција кон грчките острови.

– Затоа ја стартувавме Мисијата на НАТО се цел да го затвориме клучниот пат (на имигрантите). Ќе ве поддржиме и на други начини за да го запрете овој бегалски бран, кој може да го наруши европското единство, порача Кери.

За проблемот со бегалскаата криза во своето обраќање на собирот во Минхен говореше и францускиот премиер Мануел Валс, кој го отфрли предлогот на германската канцеларка Ангела Меркел за воспоставување постојан механизам за прераспределба на бегалците во Европската унија.

Мануел Валс

– Франција не е за предлогот за воспоставување постојан механизам. Време е да се имплементира тоа што беше разговарано и преговарано – регистрациски центри за нови бегалци, контроли на надворешните граници на ЕУ и другите мерки, изјави Валс, нагласувајќи дека ЕУ треба да испрати порака дека веќе не може да прима нови бегалци.

На истата тема, како што јави ТАСС, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер порача дека мигрантската криза не треба да биде оправдување за изолација на државите.

– Токму обратно, (кризата) треба да послужи за стимулирање на уште поактивно вклучување во меѓународните активности, истакна Штајнмајер.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија