Градската библиотека во Гостивар синоќа организраше поетска вечер на која десетина поети читаа стихови и упатија порака да се сака и негува што повеќе културата на читањето.
Во малата сала на Центарот за култура „АСНОМ“, 16 поети на поетската вечер „Сихови и вино“, која се организраше по повод 14 февруари- Денот на љубовта и виното се претставија во два круга. Освен авторски дела, на вечерта се читаа и стихови од други поетски пера.
Настанот беше искористен и за промоција на најновата акција на градската библиотека во Гостивар за привлекување поголем број читатели. Се работи за семејна членарина која чини 200 денари за позајмување книги од библиотеката до септември.