Чавушоглу: Турција ќе продолжи да прима бегалци

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека Турција ќе продолжи да прима бегалци.

– Од 2005 до 2014 година бројот на бегалците во Турција се зголеми за шест пати. Турција не е во состојба да се справи со овој проблем сама, потребна е програма за раселување и контрола на миграцијата. Прифативме 2,5 милиони бегалци од Сирија и 200 илјади од Ирак, а во последните неколку дена во земјата ни пристигнаа уште 10 илјади Сиријци. Потрошивме 10 милијарди долари за прифаќање на бегалците и ќе продолжиме со политиката на отворени врати, изјави доцна синоќа Чавушоглу во Минхен.

Турскиот министер за надворешни работи учествува во Минхенската конференција за безбедносна политика.

Тој додаде дека за решавање на проблемите поврзани со илегалната миграција  потребна е помош од НАТО и треба да се води борба со меѓународната криминална мрежа која врши илегална трговија со мигранти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски