Патници го демантираат возачот на превртениот бугарски автобус

Од:

Повредените патници во бугарскиот автобус којшто на 2-ри овој месец имаше сообраќајна несреќа помеѓу Ранковце и Крива Паланка го демантираат возачот кој тврдеше дека причина за несреќата бил камион кој навлегол во спротивната лента.

Стефан Стефанов, еден од наставниците кои се превезуваа во автобусот, за бугарската телевизија „Нова“ изјавил дека камион немало и оти возачот возел со над 70 километри на час.

– Камион немаше. Ако имаше, би требало да ги видам светлата, рекол Стефанов, кој бил буден во моментот на несреќата.

Според него, брзината со која возел возачот не одговарала на условите на патот бидејќи имало дупки на коловозот.

Неговото тврдење го поддржува и Дијана Станчева, која исто така била вопревртениот автобус. – Седев на третото седиште и не видов камион, изјавила Станчева.

Пред една недела, возачот на автобусот Љубомир Лазаров од дупничкото село Слатино тврдеше дека причина за несреќата бил камион што навлегол во спротивна лента.

– Тоа е тесен пат. Забележав камион како доаѓа директно во мојата страна. Имав чувство дека се разминувам со него на растојание од една педа. Инстинктивно свртев десно. Во тој момент задната страна на автобусот пропадна во ендекСе обидов повторно да го вратам на лентата, но автобусот тргна надолу, раскажува Лазаров.

Од фирмата на превозникот тврдеа дека возачот одмарал 48 часа пред патувањето кон Македонија. Автобусот бил произведен во 1998 година. 

Во несреќата од вкупно 43 патници беа повредени 26, а од нив пет потешко.

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Тешка сообраќајка во Велешта, загина 19-годишно момче

Двајца возачи загинаа во сообраќајка на магистралниот пат Ресен – Битола

Горан Наумовски

Српски државјанин загина во сообраќајна несреќа во близина на Фоча

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа во Грција: Три лица изгореа откако се судрија автомобили и камион

Горан Наумовски

85-годишен возач е тешко повреден во сообраќајка, удрил во паркирано возило