Разбуди го инженерот во себе – Биди дел од ЕBEC2016!

Од:

БЕСТ Скопје го најавува седмото по ред издание на ЕВЕC (European BEST Engineering Competition) – најголемиот инженерски натпревар во Европа коj ќе се одржи од 16-ти до 18-ти февруари во просториите на кампусот на техничките факултети. 

Под слоганот “Awaken the engineer within”, инженерскиот натпревар се одвива во текот на три дена од кои: првиот ден е резервиран за формуска расправа и свечено отварање, а вториот и третиот ден, за натпреварувачките денови за Case study и Team design.  

Во категоријата Case study на учесниците ќе им биде доделен “случај“ со теоретски проблем. Тимовите треба да го најдат најдоброто решение со употребата на нивните аналитички вештини, академско знаење, креативност и нивната способност за соработка со тимот.  

Во категоријата Team design  учесниците треба да го решат дадениот проблем со одредени материјали во ограничено време. Оваа категорија ги предизвикува инженерските способности на студентите како и нивната креативност, академско знаење и способност за тимска работа.  

Победниците од двата дена ќе имаат шанса да продолжат на регионално ниво во Подгорица, Црна Гора, а патните трошоци ќе бидат подмирени од наша страна. Потоа победниците пак од таму, натпреварувањето ќе го продолжат на Европското финале кое оваа година ќе се одржи во Белград. 

Не двоумете се и бидете дел од oвој натпревар кој може да ви ги отвори вратите до најголемите инженерски компании во Европа. ЕBEC е вашата шанса, не само да го покажете вашиот теоретски или практичен пристап кон дадениот проблем, туку и да се запознаете со најдобрите студенти од цела Европа.  

Натпреварот е и од забавен карактер па ви ветуваме дека ќе си поминете незаборавно. Не дозволувајте да слушнете од други,  дојдете и видете сами каква дружба ви нудат БЕСТовците.  

Аплицирајте на следниов линк 
  
Краен рок за аплицирање е сабота, 13.02.2016 до 23:00 часот! 
Ве очекуваме! 

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки