ССМ: Преговори за К-15 во јавен сектор по изборите

Од:

Околу 10 до 15 проценти од компаниите не ја исполниле законската обврска и на работниците не им исплатиле регрес за годишен одмор, познат како К-15, покажуваат анализите на Сојузот на синдикатите на Македонија.

– Сакам да укажам на фактот дека ССМ успеа да го задржи ова право да биде задолжително, а таму каде што имаше проблеми заедно со синдикатите се утврдуваше дали тие проблеми се реални, кои во одредени гранкови синдикати придонесоа да дојде и до намалување на висината на регресот за годишен одмор. Но морам да ви кажам дека тоа беше исклучително мал број на претпријатија, изјави денеска претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Митрески посочи дека предвидена е затворска казна од 6 месеци до една година доколку работодавачот не исплати регрес за годишен одмор или доколку го исплати, а потоа побара од работникот да го врати назад. 

– Имаме регистрирани случаи кај неколку работодавачи кои вршеле ваков притисок, но заедно со гранковите синдикати овозможиле да се вклучиме во посредувањата. Четирите случаи кои што беа благодарение на нашата интервенција се реализирани, рече Митревски. 

Тој најави дека преговорите за К-15 во јавниот сектор ќе започнат веднаш штом биде формирана нова влада по изборите.

Инаку, ССМ почнува со реализација на проектот за сигурни работни места која ќе се реализира со низа мерки.

Би можело да ве интересира

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС

ССМ: Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии

Горан Наумовски

ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка