Ќе останат ли министрите во Хрватска со минимална плата?

Од:

 Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ  се закани,  наредните два месеци министрите ќе можат да останат на минимална плата, поради потрошениот буџет.

Ова навестува и  можно намалување на платите во државниот сектор во наредната година од пет до седум проценти, оценуваат аналитичарите.

Многу хрватски министерства, како што се за образование, за внатрешни работи, здравство, го натрфлија својот буџет, и тоа главно поради високите плати, а бидејќи следната година Хрватска ќе почне да исплаќа многу кредити, веројатно нема да има пари за сите.

Но додека најавата дека министрите може да добијат минимални плати, сите го сфаќаат како блеф и како чекор од кој никој нема да има полза, синдикатите се длабоко загрижени поради можноста за намалување на платите во државниот сектор.


Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ