Нова победа на Голден Стејт

Од:

Во најсилната кошаркарска лига во светот ноќеска беа одиграни 12 натпревари. Кошаркарите на Кливленд остварија сигурна победа во дуелот со ЛА Лејкерс и се зацврстија на првата позиција на „Исток“ во пресрет на „Ол стар викендот“.

Кајри Ирвинг со 35 поени (рекордни сезонава) и Леброн Џејмс со 29 беа најефикасни кај победникот, додека Лу Вилијамс беше најпрецизен кај „езерџиите“ со 28 поени.

Победа на гости постигна и Голден Стејт совладувајќи го Феникс за кого ова беше деветти пораз во серија, а Стеф Кари имаше учинок од 26 поени и по девет скокови и асистенции.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:

Индијана – Шарлот 95:117,
Орландо – Сан Антонио 96:98,
Филаделфија – Сакраменто 110:114,
Бостон – ЛА Клиперс 139:134 (продолжение),
Бруклин – Мемфис 90:109,
Детроит – Денвер 92:103,
Кливленд – ЛА Лејкерс 120:109,
Чикаго – Атланта 90:113,
Минесота – Торното 117:112,
Њу Орлеанс – Јута 100:96,
Феникс – Голден Стејт 104:112 и
Портланд – Хјустон 116:103.

Пласман Источна конференција: Кливленд 38-14 (победи-порази), Торното 35-17, Бостон 32-23, Атланта 31-24, Мајами 29-24, Индијана 28-25, Чикаго 27-25, Шарлот 27-26,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 48-4 (победи-порази), Сан Антонио 45-8, Оклахома Сити 39-14, ЛА Клиперс 35-18, Мемфис 31-22, Далас 29-26, Портланд 27-27, Јута 26-26,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on