На први февруари оваа година, до Претседателот на комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, Влатко Ѓорчев, како пратеник доставив барање за одржување јавна расправа на тема „Реалното остварување на заштитата и на унапредувањето на правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија“, вели пратеникот Енес Ибрахим.
За жал, овој мој предлог, со гласање беше одбиен. Со ова се прекрши досегашната пракса во работењето на комисијата. До сега, ниту еден ваков предлог не бил ставен на гласање, туку во интерес на јавноста бил прифатен и реализиран.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на власт, со ова покажаа дека стравуваат од дебата за вистинската состојба со правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија. Ова е страв од нивно соочување со болната реалност.
Со овој индолентен однос кон оваа проблематика, Власта покажува дека правата на заедниците служат само за партиски предизборни пазарења и за лажни ветувања кон електоратот.
За среќа, овие се веќе прочитани методи и истите веќе не поминуваат кај народот!
Со оваа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата потврдуваат дека помалку бројните етнички заедници се граѓани од трет ред во оваа држава.