Дебата: Полицискиот интегритет основа за почитување и доверба

Од:

 Високиот полициски интегритет е основа за создавање меѓусебно почитување и доверба помеѓу граѓаните и полицијата и има голема улога во ефективната борба против криминалот и корупцијата.
Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на работилницата за „Планирање и менаџирање на интегритет“ и додаде дека полицијата е еден од инструментите на сила на државата во функција на спровеување на законот и владеење на правото.
– Од особена важност за Министерството за внатрешни работи е полициските службеници добро да го познаваат Прирачникот за полицискиот интегритет и да работат на негово континуирано унапредување.  За таа цел  заедно со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили се спроведува и овој проект, а се во насока на изготвување на квалитетен и сеопфатен План за интегритет, истакна Спасовски.
Со имплементација на Планот за интегритет, додаде тој, Министерството има за цел да даде насоки на широк круг вработени, почнувајќи од оние кои ги донесуваат одлуките, раководниот кадар на високо и средно ниво, па се до полициските службеници кои непосредно и секојдневно се во контакт со граѓаните.
Потенцира дека императив на неговото понатамошно работење ќе биде јакнењето на интергритетот на вработените во Министерството. Спасовски нагласи дека од вработените во МВР, кои како истакнати професионалци и со долгогодишно искуство во полициското работење, очекува со своето знаење и искуство на најдобар начин да придонесат во идентификување и проценка на ризиците за појава на корупција и други форми на несоодветно однесување.  
Помошникот на министерот за внатрешна контрола и професионални стандарди Анета Станчевска во своето излагање информира дека Министерството за внатрешни работи од 2013 година почнало со активности за реализација на проектот за полициски интегритет.
– Очекувањата од овој проект се дека преку имлементација на препораките изнесени во публикацијата Прирачник за полициски интегритет ќе се подобри професионалноста на полицискиот кадар во справувањето со корупцијата, како и подигање на интегритетот на вработените во МВР. Одделот за внатрешна контрола, криминилаистички истраги и професионални стандарди како организациска единица во чии надлежности е и интегритетот, е задолжане за реализирање на активностите коишто произлегуваат од проектот, нагласи Станчевска.
Појасни дека целта на проектот е да дадат насоки на широк круг на вработени во Министерството за внатрешни работи, почнувајќи од оние коишто донесуваат одлуки, раководен кадар на високо и средно ниво, па се до полициските службеници кои непосредни и секојдневно се во контакт со граѓаните за важноста на интегритетот и во почитувањето на демократските стандарди.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски