Кошаркарите на Њујорк Никс до крајот на сезоната ќе бидат предводени од новиот тренер Курт Рембис кој досега работеше како помошник на на досегашниот шеф на стручниот штаб Дерек Фишер.
Поради слабите резултати и негативниот биланс од 23 победи и 31 пораз раководството на клубот го отпушти Фишер и му се заблагодари за досегашната работа.
Фишер како тренер на Њујорк за една и пол година во НБА лигата забележа 40 победи и 96 порази, недоволно за очекувањата на управата и навивачите.
Се шпекулира дека следната сезона тренерската функција би можел да ја преземе претседателот на клубот Фил Џексон.