Жител на Владивосток преживеа пад од 20. кат на една станбена зграда. Мажот бил спасен благодарение на покривот на еден од автомобилите, што му го ублажил падот.
Човекот се наведнал низ прозорецот доцна синоќа сакајќи да испуши цигара, но паднал. Преживеал затоа што паднал врз покривот на паркираното теренско возило, рекол портпаролот на полицијата.
По падот се актвирал алармот на автомобилот, а сопственикот се разбудил и повикал полиција иа Итна помош.
Лекарите утврдиле дека мажот има повеќекратни скршеници. Тој бил префрлен на одделението за интензивна нега, рекол портпаролот на полицијата.