Апелациот суд во Скопје ја преиначил пресудата за очниот хирург Дејан Ставриќ и пресудил условна казна за барањето поткуп, менувајќи ја првичната пресуда на Основниот суд Скопје, со која тој беше осуден на една година казна затвор.
Ова е втора и конечна одлука на Апелација. Судот првиот пат ја укина пресудата и наложи ново судење, но Основниот суд повторно донесе иста пресуда на една година затвор.
Пресудата стигнала во Основниот суд Скопје 1, но се уште не била примена од странките.