Катимерини – Атина
Неодамна компанијата „МСЦ Крузерс“ објави дека нејзиниот брод за крстарења „МСЦ Мањифика“ годинава нема да застанува во пристаништата во Истанбул и Измир, туку наместо таму ќе оди во Атина и на островот Миконос. Тоа ќе почне од 26 март и ќе продолжи до крајот на туристичката сезона во Средоземното Море во октомври.
Годинава се очекува Грција да извлече голема корист од крстстарењата, затоа што, како што се гледа во изминатите неколку недели, големи компании од секторот се натпреваруваат една со друга да ги анулираат предвремено планираните дестинации во Турција, заменувајќи со тие во Грција.
Причината за тоа е неодамнешниот терористички напад во центарот на Истанбул во кој загинаа 10 германски туристи (подоцна во болница почина уште еден турист и бројот на жртвите достигна до 11). Нападот покажа дека факторот „безбедност“ е поважен од пристаништната инфраструктура за една земја која се стреми да привлекува се повеќе туристи кои крстарат.
Карактеристичен пример за тоа е што компанијата „МСЦ Круизес“ ги обмилсува патувањата до пристаништата во Атина и на островот Миконос во претстојната туристичка сезона.
Пред неа „Кристал Круизес“ исто така објави дека ги преразгледува дестинациите на своите бродови и ќе ги пренасочи од Истанбул и Кушадаси кон други пристаништа, поради „одолжената вознемиреност заради безбедноста“.
Во врска со тоа крузерот „Кристал Симфони“ (со капацитет од 922 патника) ќе плови до Грција (до Суда, Ханија, Идра, со преноќување во Навио и Атина) во периодот од 24 април до 1 мај, а во текот на мај крстостарењате ќе вклучуваат и посета на островите Патмос и Родос.
Најмалиот крузер „Кристал Еспирит“, пак, ќе патува по дестинации во Грција во текот на април и ноември.
„Норвиџан Круизес Лајнс“ наскоро ќе ги откаже сите дестинации на своите три компании во правец на Турција. Управата на компанијата објави дека доста од тие дестинации ќе бидат заменети со исти – до Грција.
Минатата година Грција го искористи стравот на компаниите во врска со безбедноста во целиот регион, особено по септември. Според податоци на грчкиот Сојуз на пристаништата, во текот на 2015 биле регистрирани 12 проценти повеќе пловења на бродови покрај брегот, и како што покажува статистиката 4.279 бродови се вкотвиле во грчките пристаништа. Посетите на туристите биле со ист број како и во 2014 година и изнесуваат пет милиони.
На неодамна одржаното собрание на магнатите-сопстевници на бродови за крстарење беше истакнато дека приоритет за нив првенствено ќе биде понатамошен развој на овој сектор, а акцент годинава ќе падне на решавањето на визните проблеми за туристи кои доаѓаат надвор од Шенген зоната. Исто ќе се даде фокус и на обвнова на пристанишната инфраструктура и на воведување на мерките за безбедност на пристаништата.