Два пожара во центарот на Кавадарци

Од:

Два пожара избувнаа денеска во центарот на Кавадарци, информацијата ја потврди Илчо Богевски, командир на Територијалната противпожарна единица од овој град.

Богоевски појасни дека се работи за пожари во поткровје од куќи.

-Според првичните информации, причината за првиот пожар е во неисправната електрична инсталација. Во вториот случај пак, најверојатно се работи за неправилно изведен оџак кој се запалил, информираше Богевски.

Тој соопшти дека на двете локации интервенирале со по две возила и по четворица пожарникари.
-Пожарите навреме биле забележани и пријавени па благодарение на тоа и на нашата навремена реакција, не се дозволи проширување на пламените јазици на поголеми површини и на други објекти, додаде командирот на пожарникарите.

Поради зачестенот на пожари кај оџаци, Богевски апелираше до кавадарчани и росоманци да бидат повнимателни, а за сите информации и помош, да се обратат до територијалната противпожарна единица.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски