Голден Стејт поуспешен и од Оклахома Сити

Од:

Шампионот во НБА лигата Голден Стејт ноќеска забележа нова победа на домашен терен (23 натпревари – 23 победи). Совладана беше екипата на Оклахома Сити со 116:108.

Предноста од првото полувреме (73:59) беше недостижна за гостите да направат пресврт. Најефикасен на дуелот беше Кевин Дјурант од Оклахома со 40 поени, додека кај Голден Стејт Стеф кари постигна 26 поени.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Хјустон – Портланд 79:96, Шарлот – Вашингтон 108:104, Индијана – Детроит 112:104, Кливленд – Њу Орлеанс 99:84, Филаделфија – Бруклин 103:98, Мемфис – Далас 110:114 (по продолжение), Минесота – Чикаго 112:105, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 106:102, Феникс – Јута 89:98, Голден Стејт – Оклахома Сити 116:108.

Пласман Источна конференција: Кливленд 36-14 (победи-порази), Торонто 34-16, Атланта 30-22, Бостон 30-22, Мајами 29-22, Чикаго 27-23, Индијана 27-24, Детроит 27-25,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 46-4, Сан Антонио 43-8, Оклахома Сити 38-14, ЛА Клиперс 33-17, Мемфис 30-21, Далас 29-25, Хјустон 27-26, Јута 25-25,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on