(ВИДЕО) Бредли со тројка во финишот за победа над Кливленд

Од:

Кошаркарите на Бостон го направија изненадувањето на вечерта, откако остварија победа како гостин против Кливленд Кавалирс со 103:104, со поени во последната секунда од средбата.

Брадли беше човекот на одлука, кој постигна тројка со звукот на сирената, тој средбата ја заврши со 14 поени, Томас имаше 22, додека Турнер уфрли 19 поени.

Во домашниот табор Леброн Џејмс имаше 30 поени, 7 скокови и 4 асистенции, Смит го дополни со 20, додека Ирвинг ги следеше со 19 поени.

Во тексашкото дерби, Сан Антонио како гостин беше подобар од Далас со 90:116. Ленард со 23 поени ги предводеше гостите, Милс уфрли 15, додека Олдриџ имаше дабл-дабл со 14 поени и 10 скокови.

НБА резултати:
Атланта 102:96 Индијана
Шарлот 95:98 Мајами
Орландо 93:107 ЛА Клиперс
Вашингтон 106:94 Филаделфија
Брулин 128:119 Сакраменто
Кливленд 103:104 Бостон
Њујорк 85:91 Мемфис
Денвер 115:110 Чикаго
Јута 84:81 Милвоки
Далас 90:116 Сан Антонио

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on