Најмалку 27 луѓе загинаа, а повеќе од 50 се ранети во експлозија на автомобил бомба недалеку од една воена база северно од Багдат, соопштила полицијата.
Нападот се случил околу пладне по локално време, на влезот во базата Таџи, на 25 километри северно од престолнината, кога бомбаш самоубиец го активирал експлозивот, пренесува Ројтерс.
Според анонимни извори, меѓу жртвите има и три војници.
Нивото на насилство во Ирак е опаднато во однос на 2006-та и 2007-ма година, но нападите и понатаму се чести, особено во Багдат и околината.