Еден од најпознатите бразилски писатели гостува во Скопје

Од:

Издавачката куќа „Икона“ ја промовира наградуваната книга “Имаше многу коњи”, добитник на престижната награда на Бразилската национална библиотека „Мачадо де Асис“ и наградата „APCA“ за најдобар роман во 2001 година.

Авторот ќе биде присутен и ќе се обрати на промоцијата која ќе се одржи на 5 февруари во 19.30 часот во книжарницата на Икона на приземјето во Сити мол. Промотор е проф. д-р Александар Прокопиев.

12698923_10208688328340820_1094381397_o

“Имаше многу коњи” е дело за кое писателот Луиз Руфато вели дека не е типичен роман, туку некој вид на литературна инсталација и почит кон Сао Паоло.

Се работи за проза со нелинеарна структура, составена од 70 фрагменти. Сите фрагменти се случуваат на ист ден (05/09/2000) во градот Сао Паоло. Структурата на книгата (недостатокот од неа) се рефлектира од неможноста да се репродуцира коплексноста и динамиката на градот. Насловот на романот е алузија на поемата на бразилската поетеса Сеслија Меирелес, насловена “Dos Cavalos de Inconfidencia”.
Идејата за романот дошла од волјата на Руфато да оддаде почест на Сао Паоло, бразилската метропола која дочека толку многу емигранти каков што е и самиот писател.

12698940_10208688326300769_1992226418_o

Роден e во 1961 година, во Катагуасес, Бразил. Луиз Руфато израснал во сиромашно семејство на емигранти. Тој, покрај другите работи, работел како текстилен работник, металостругар, а, исто така, студирал и новинарство. Во 2001 година, дебитира со романот Имаше многу коњи. Пофален за неговиот живописен приказ на урбанизацијата на родниот град на авторот, Сао Паоло, книгата направи револуција во бразилската книжевност и освои признанија од критиката, како и голем број на награди, меѓу кои наградите на Бразилската национална библиотека Мачадо де Асис и наградата APCA за најдобар роман. Жирито на литературни критичари на весникот О Глобо ја прогласи книгата – која сега е преведена на германски, шпански (во Аргентина и Колумбија), француски и италијански, а, исто така, е објавена и во Португалија – дека е една од десетте најдобри бразилски книги во последниве децении.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска