Рускиот претседател Владмири Путин го смени министерот за одбрана Анатолиј Сердјуков и на тоа место го постави Сергеј Шојгу, досегашен гувернер на Московска област.
Портпаролот на Путин изјави дека Сердјуков е сменет за да може да се продолжи со темелната истрага во врска со проневерата на државен имот вреден околу 100 милиони долари, во фимрата Оборонсервис, која е под контрола на руското министерство за одбрана.
Минатата седмица беше извршен претрес во централата на Оборонсервис, а руските власти досега покренаа пет кривични постапки во врска со оваа компанија.