Во тетовскиот регион 58 сообраќајни несреќи во јануари

Од:

Еден загинат,  еден тешко повреден и  44 лица со телесни повреди како и материјална штета од над два милиони и седумстотини илјади денари, се последиците од вкупно 58 сообраќајни несреќи што во јануари се случиле на патиштата во Тетово и тетовско, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Бројката на сообраќајки е за десет поголема во однос на истиот период лани.

Според полициските податоци, најмногу од несреќите, односно 33, се случиле во населени места, а останатите  25 на отворен пат додека сообраќајно најризични и натаму остануваат тетовските улици и автопатот.  Најчести причини за овие сообраќајки се  неприлагодена брзина и пребрзо возење (18 несреќи), неправилно вршење дејство (6), недавање првенство (5), недржење растојание (2), недржење страна (2 ) итн.

– Во овој период регистрирани се и 12 излегувања односно излетувања од коловоз како последица на неприлагодување на брзината според условите на патот и пребрзо возење, а четири несреќи биле предизвикани од животни пред се кучињата-скитници  кои неконтролирано се движеле по автопатот Гостивар-Тетово-Скопје како резултат на нефункционалната заштитна ограда долж оваа сообраќајница,  рече Јосифоваски.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози