Американскиот актер и комичар Џо Аласки, кој во својата кариера го позамуваше гласот на многу амимирани ликови, почина во Њујорк во 63-та година од животот.
Аласки беше вработен во „Ворнер Брос“, каде во периодот од 1990 до 1995 година говореше за повеќе ликови од цртаните филмови, меѓу кои и Душко Долгоушко, Пајо Паторот, Џивџи, мачорот Силвестер, марсовецот Марвин…
Покрај за „Ворнер Брос“, Аласки го позјамуваше својот глас и за анимирани ликови од филмови на други продуцентски компании, а беше ангажиран и како наратор во емисјата „Убиство доаѓа во градот“ на телевизијата Инвестигејшн Дискавери.