Француските власти и челници на УЕФА беа во право што натпреварот меѓу ПСЖ и Динамо го вброија меѓу високоризичните.
Во понеделникот навечер, помеѓу 22 и 23 часот се судрија навивачите на ПСЖ и Динамо, во близина на парискиот парк Place de la Bastille.
Според наводите на француските медиуми, еден навивач на Динамо е тешко повреден и итно е пренесен во болница.