Жерновски: Груевски сака да ја затвори Катица-пред таа да го затвори

Од:

Градоначаликот на општина Центар Андреј Жерновски, прашува на што се’ е спремен Груевски за да се спаси од фер судење? Тој апелира до меѓународната заедница да обезбеди минимум нормални услови за работа на СЈО и изразува целосна поддршка на Катица Јанева и нејзиниот тим.

Еве што напиша Жерновски:

Kлоците за Катица Јанева, кои ги најави Груевски во говорот пред своите сопартијки, биле само увертира во неговата вистинска цел- да ја затвори Јанева, пред таа да го затвори него. Заминатиот премиер, кој докажа дека е спремен на се’, само да ја избегне правдата, ќе остане во историјата познат по својата „контра“ стратегија. Ќе го паметиме по контра протести, контра медиуми, контра невладини организации, контра митинзи. Но, ова што во моментов му се приредува на специјалното јавно обвинителство, е за неверување.

Додека СЈО ги привршува подготовките за кривичните пријави против екс премиерот и неговите соработници, обвинителството, под контрола на Груевски, поднесува контра кривични пријави за тимот на Јанева. Специјaлните обвинители, кои практично се избрани поради политизираноста на редовните, сега се гонат кривично од Груевски!

Прашањето кое мене ми се наметнува е следното: На што се’ е спремен Груевски за да се спаси од фер судење? Дали ваквите потези најавуваат целосно делигитимирање и „отстранување“ на Јанева во претстојниот период?

Апелирам до меѓународната заедница, која е гарант на спроведувањето и имплементирањето на договорот од Пржино, активно да се вклучи и да обезбеди минимум нормални услови за работа на СЈО, кое трпи страшни притисоци. Да се потсетиме дека фер судење и правна разрешница на скандалите од бомбите, се клучен дел од пржинскиот договор.

Уште еднаш сакам да ја изразам целосната поддршка на Катица Јанева и нејзиниот тим. Неопходно е тие да ја завршат својата работа, бидејќи правна разрешница мора да има. Само така, и никако поинаку, нашата држава ќе може да излезе од оваа криза.

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов