(ВИДЕО) Милевски: Тој што ќе ме тужи за поднесување амандмани да си ја искине дипломата од факултет

Од:

Нелогично и смешно е да се тужи пратеник за поднесување на амандмани, вели за А1он пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милевски кому му се спрема тужба од адвокатската комора поради поднесување на 1000 амандмани на законот за нотаријат, со што, според нив, ја злоупотребил службената должност и го узурпирал собранието.

Милевски додава дека се уште не стигнала никаква тужба до него, но доколку се случи такво нешто, тој ќе поднесе контра тужба за вршење на притисок и лажно клеветење и пријавување.

– Веќе една недела трае најавата, меѓутоа никако да стигне до судот кривична постапка. Ако навистина некој покрене таква постапка подобро би било да си ги искине дипломите од факултет отоколку да се бламира и да поднесува такви работи во судот. Сметам дека тоа е класичен притисок врз пратениците што досега не се случил и е преседан и сметам дека врз основа на тоа сме на вистинскиот пат, дека на некој сме му ги загозиле финансиите, а сме ги заштитиле правата на граѓаните, сметам дека тоа е вистинскиот начин и мојот одговор ќе биде, ќе продолжиме со оваа иницијатива се додека оној што го предложил законот, а тоа е министерството за правда, не ги повлече штетините одредби на законот, вели Милевски.

Тој вели дека пратеникот Талат Џафери и целата пратеничка група на ДУИ имаат поднесено повеќе амандмани, а поранешниот пратеник на опозицијата, Јани Макрадули има поднесно околу 2000 амандмани, но никој не се сетил да поднесе тужба за тоа, како и дека никаде не е ограничен бројот на амандмани.

– Накратко, доколку ова се случи, сите граѓани кога ќе одат на нотар над одреден износ на средства треба да носат со себе адвокат, правните сектори во фирмите ќе станат безпредметни и голем број на работници од јавните и од приватните претпријатија ќе им се загрози работното место, вели Милевски.

Милевски предупредува дека доколку се донесе законот, ќе се зголеми приходот на една категорија на луѓе, односно 600 фамилии кои работат во нотаријатите.

– Ние како пратеници сме обврзани да најдеме накој баланс, да бидат задоволни сите страни, а пред се, тоа да биде во интерес на граѓаните. Ние треба да дискутираме да се намалат нотарските трошоци и од делот што го зема државата и да се види делот што го земаат нотарите, да се намалат трошоците бидејќи се проценува дека се тоа 35 милиони евра, што значи дека буџетот кој што 300 милиони евра се полни со несуштествени работи, де факто 10 насто се полни од граѓаните преку нотаријатот, додава Милевски.

Тој вели дека опозицијата очекува претседателот на Собранието, Трајко Вељановски како претседател на сите пратеници да реагира на ваквите најави бидејќи се врши притисок врз пратеник.

– Во тек се преговори на опозицијата и власта да се изнајде решение кое ќе биде во интерес на граѓаните. Доколку не се најде заеднички јазик, од понеделник ќе започне расправата по овие амандмани, не само за нотаријат туку и законот за извршители, вели Милевски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

(ВИДЕО) Носеше ли Гаши патен налог кога со службено возило отиде по невеста во Косово прашува ЛДП

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Одговорност за скандалите во Зоолошката градина

Горан Наумовски

ЛДП: Во кое својство реагирало обезбедувањето на собранискиот спикер при проверката на косовската претседателка Османи?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ЛДП: Градските власти да ја искосат тревата и да ги средат парковите

ЛДП: Главниот град се гуши во смет. Дали Скопје има градоначалник