Мастерсот во Лондон беше отворен со дуелот меѓу Енди Мареј и Томаш Бердих. Британецот славеше победа со 2:1 (3:6, 6:3 и 6:4) во сетови над чешкиот тенисер.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Французинот Жо Вилфред Цонга со 2:0 (7:6, 6:3) во првото коло на завршниот Мастерс турнир во Лондон.
По час и половина игра, Новак имаше меч топка за победа.
Ѓоковиќ и Цонга имаат одиграно 13 меѓусебни дуели, а српскиот тенисер води со 8-5 во победите.
По завршување на мечот Ѓоковиќ изјави дека ова е многу важна победа за него.