Шпанскиот крал Фелипе Шести го именуваше лидерот на социјалистите Педро Санчес за мандатар кој ќе води преговори со политички партии за формирање влада.
На Санчес ќе му бидат потребни најмалку три недели, а можеби и еден месец пред првото гласање во парламентот новата влада.
Согласно Уставот на Шпанија, рок од два месеца за формирање влада стапува на сила штом парламентот првпат гласа, а доколку тој рок помине, се распишуваат нови избори.
На изборите одржани минатиот месец ниту една партија не доби доволно гласови да состави влада.