Откако дојде до промената на АТП, листата на најдобри светски тенисери, Србинот Новак Ѓоковиќ повторно се најде на лидерската позиција. По четири месеци Швајцарецот Роџер Федерер е симнат од „врвот”, но без разочарување вели дека токму Новак е „вистинскиот број еден”.
„Сите знаеме кој е вистинскиот број еден. Тоа е Новак и не треба да има дилема. Не се стигнува до првата позиција лесно, рангирањето покажува какви сте во текот на сите 365 дена. Се може да се смени за два месеци, кога ќе дојде Австралијан Опен, но сега се е јасно“, нема дилема, изјави Федерер.
Швајцарецот оваа недела настапува на завршниот Мастерс турнир во Лондон, каде што го очекуваат дуелите со Типсаревиќ, Ферер и Дел Потро.
„Навистина пружив се што можев. Играв последите две години и навистина сум среќен што се вратив на првото место. Дојде време кога ви требаат еден или повеќе Грен слемови, пет до десет титули.
– Долготраен процес е тоа, потребно е многу жртва. Но јас сум спремен, веќе правам распоред за наредната година и во него нема да има некои големи промени“, вели Федерер.