Сан Антонио втор НБА тим со 40 победи оваа сезона

Од:

Клубот од Тексас ноќеска беше поуспешен од Орландо со 107:92 и дојде до 40.победа оваа сезона, што досега тоа му успеа само на актуелниот шампион и лидер на Западот, екипата на Голден Стејт.

Лидерот на Истокот, тимот на Кливленд ја совлада Индијана, додека Чикаго го запиша вториот пораз во низа и од третото падна на петтото место во конференцискиот пласман.

Постигнати резултати на деветте НБА натпревари одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник:

Индијана – Кливленд 106:111,
Бруклин – Детроит 100:105,
Атланта – Далас 112:97,
Њу Орлеанс – Мемфис 95:110,
Оклахома – Вашингтон 114:98,
Сан Антонио – Орландо 107:92,
Денвер – Торонто 112:93,
Јута – Чикаго 105:96 и
Сакраменто – Милвоки 111:104.

Вечер се играат пет натпревари.

Пласман Источна конференција: Кливленд 35-12 (победи-порази), Торонто 32-16, Мајами 27-21, Атланта 28-22, Чикаго 26-21, Бостон 27-22, Детроит 26-23, Индијана 25-23,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 44-4 (победи-порази), Сан Антонио 40-8, Оклахома Сити 37-13, ЛА Клиперс 32-16, Мемфис 29-20, Далас 28-23, Хјустон 25-25, Портланд 23-26,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on