Деведесет и четири проценти од вработените во градската администрација на Москва оваа година ќе треба да минат истражување со детектор на лаги, како дел од напорите за борба против корупцијата, пренесува БТА.
Веста ја соопшти Наталија Сергунина, заменик-градоначалникот на руската престолнина која е задолжена за економски прашања.
Сергунина одби да појасни што ќе се случи со останатите шест проценти кои нема да бидат подложени на слични испитувања.
Тестирањето ќе го поминат 1600 функционери, а некои од нив ќе бидат испитувани и со анализа на гласот.
Во последната листа за најкорумпирани земји, која беше направена од страна на невладината организација „Транспаренси интернешнл“, Русија беше ставена на 119-то место од вкупно 168 земји.