Викендот 27 сообраќајки во Скопје, повредени 22 лица

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 27 сообраќајни незгоди.

На 29 јануари, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и шест сопатници.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден патник во автобус.

На 30 јануари, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, пет сопатници и двајца пешаци.

Вчера, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден возач на велосипед.

Во текот изминативе три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 99 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Девет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и 18 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно поминале на црвено светло на семафор. Санкционирани се и 32 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 96 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје