Вработен на патарина повреден поради расправија за наплата

Од:

Вработен на наплатната рампа Глумово бил повреден откако возач на комбе сакал насилно да помине.

Полицијата информира дека вчера околу 12 часот настанала расправија околу наплатата меѓу вработениот Г.С. (1966) и непознато лице кое го управувало комбето. Притоа, сопатникот од возилото насилно ја отворил рампата по што вработениот излегол од кабината за да ја затвори рампата. Во моментот кога ја затворал рампата, бил удрен од комбето во пределот на десниот колк по што возилото заминало.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски