Песна на Маџиров објавена во списанието „Модерн поетри ин транслејшн“

Од:

Во последниот број на најстарото британско списание за преводна литература, „Модерн поетри ин транслејшн” (Modern Poetry in Translation) е објавена песната „Тишината од други места доаѓа” од Никола Маџиров, посветена на истакнатите преведувачи од македонски на англиски јазик, Греам и Пеги Рид, кои починаа минатата година во Единбург.

Списанието е основано во 1965 година од венцeносецот на Струшките вечери на поезијатa, Тед Хјуз, и е специјализирано за превод на современа светска поезија.

Греам и Пеги Рид, професори по англиски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, преведувачи и лектори, долги години ја промовираа македонската литература преку нивните преводи на англиски јазик, а за својата преведувачка дејност имаат добиено повеќе признанија и почести.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска