Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг најави дека преговорите за членство на Црна Гора во Алијансата ќе започнат кон средината на следниот месец.
– Во текот на 2015 година донесовме уште една важна одлука која се однесува на стабилноста на Западниот Балкан. Формално ја поканивме Црна Гора да започне преговори со цел да стане 29-та членка на НАТО, изјави Столтенберг при претставувањето на редовниот Годишен извештај на Алијансата.
Според него, со поканата испратена до Црна Гора упатен е „јасен сигнал до оние кои сакаат членство во НАТО дека вратите на Алијансата остануваат отворени“.
– Со цел постигнување на сите три основни цели на Алијансата – заедничката одбрана, решавање на кризните состојби и гарантирање на колективната бебзедност, од голема важност е НАТО да има не само исправна политика, способности и односи, туку и структури што ќе ги поддржуваат и ќе служат во интерес на тие цели, рече Столтенберг.
Тој нагалси дека во текот на 2015 година НАТО продолжил да се прилагодува и да спроведува реформи, со цел да претставува модерна, ефикасана и одговорна институција.