НДМ: Кризата удира по се, освен по ненародните пратенички привилегии

Од:

„Со вчерашното верификација на мандатот на новата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на местото на пратеникот Емил Димитриев кој е избран за премиер, уште еднаш се потврдува потребата од прифаќање на предлог-законот на НДМ до Собранието од 25.08.2009 година за укинување на скандалозно големите пратенички привилегии.

Имено, земајќи предвид дека собранието се распушти, оваа нова пратеничка до изборите на 24 април фактички нема да учествува во работата на ниту една собраниска седница, а ни крива ни должна си заработи апанажа без ништо да работи.

Потсетуваме дека и 123-те пратеници кои беа избрани на последните избори во април 2014, иако не одработија четиригодишен мандат, сега по распуштањето на собранието сите се стекнуваат со право на апанажа за нецела година поминати во собранието.

Исто така, потсетуваме дека пратениците со поднесување на лажни патни сметки во собраниските служби добиваат годишно и по околу 25.000 евра надоместок на трошоци за користење автомобил во лична сопственост.

Оттука, го реафирмираме нашето залагање и бараме од собранискиот спикер Трајко Вељановски под итно да го стави на дневен ред предлог-законот на НДМ со кој се бара укинување на ненародните пратенички апанажи и укинување на надоместокот на трошоци за користење на автомобил во лична сопственост, а пратениците како и сите граѓани да користат градски и меѓуградски превоз до работното место.

НДМ изразува вчудоневиденост од фактот што пратениците неможат да постигнат домашно единство за прашања од највисок национален интерс, а секогаш се сложни кога станува збор за нивните привилегии на товар на народната каса.

Значи ова го прават народните избраници кои треба да му служат на народот. И ние очекуваме да проработи нивната свест. Па кој ќе се луксузира, тогаш врз грбот на граѓаните како даночни оврзници“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска