Кривична пријава за измама за отворање нови работни места

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против Љ.К. (53) од Прилеп и правниот субјект „Аванти Ин Кисела“ ДООЕЛ-Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.

Љ.К. на 15 септември минатата година, во просториите од Агенцијата за вработување се претставил како овластено лице од управителот на пријавениот правен субјект и побарал да аплицира за финансиска поддршка на правни субјекти за отварање на нови работни места.

Љ.К. дал податоци за три лица без нивна согласност и знаење и за нив изготвил документи за пријавување по што пријавата била заведена во Центарот за вработување во Прилеп за понатамошно постапување. Откако биле готови договорите за вработување му биле доставени на пријавениот кој ги потпишал во име на лицата скратувајќи им го притоа правото да можат да ги користат поволностите за самовработување.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он