Од викендица во велешкото село Караслари украдени 350 литри ракија

Од:

Во СВР Велес пријавена е тешка кражба во викенд куќа лоцирана во месноста викана „Карасларска Чука“ атар на село Караслари, сопственост на 62-годишен жител на Велес.

Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, денеска информира дека сторителот на 24. јануари годинава влегол во дворот од викенд куќата и со употреба на сила и работен алат насилно ја отворил влезната врата. Тој преку внатрешни скали се симнал во подрумските простории од каде одзел околу 350 литри ракија складирана во туби, стаклени шишиња и буре, а одзел и една вреќа во која имало околу 10килограми бакар, по што заминал во непознат правец.

Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, соопшти Стојковска, извршила увид на лице место и се преземаат мерки за расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје